
На 28.09.2011 година во Геронтолошки Завод 13 Ноември Скопје, беше отворен првиот ЦЕНТАР ЗА ДЕКУБИТИ (рани од долготрајно лежење) во Република Македонија. Гостин на настанот беше Министерот за здравство, г-дин Никола Тодоров.
ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕКУБИТИ се состои од:
- Call center – кој функционира секој работен ден, за консултации со лекар и едуцирана сестра
- Дневна болница за преглед и преврски преврски
- Домашна посета – за преврски и инструкции за пациентите и нивните семејства
- Центар за едукација на:
медицински сестри
пациенти и нивни семејства
Промовиран е Прирачник за пациенти и лица кои даваат нега, прв од ваков вид во земјава. Прирачникот може да го превземете од тука Мк | Ал
Во соработка со Министерството за здравство, Геронтолошки Завод со свои стручни лица учествува во изработка – гајдлајни и болнички протоколи за превенција и третман на Декубитални рани.
ЦЕЛ:Стандардизирани и унифицирани протоколи и документација во болниците во МК,
ПРЕВАЛЕНЦАТА НА ДЕКУБИТИ Е ИНДИКАТОР ЗА КВАЛИТЕТ НА НЕГА!
Република Македонија зачленета во во европското здружение за декубитални улкуси (EPUAP)
ТРЕНИНГ - работилници за медицински сестри, почнуваат од втората седмица на октомври, за сите болници во земјаве кои се соочуваат со овој проблем.
|