Актуелно

ВО ВРЕМЕ КОГА ЛЕКАРИТЕ БЕГААТ ВО СТРАНСТВО, ГЕРИЈАТРИЈА ИМА 20 ВРАБОТУВАЊА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА САЛИЈА ЉАТИФ-ПЕТРУШОВСКА




„Живееме во време во кое се осипува медицинскиот кадар. Од една страна нашата Болница изгледа како неатрактивна установа и имавме период кога се намали персоналот, но ние се изборуваме, заедно со раководниот тим заедно да работиме со нашите вработени“, вели д-р Салија Љатиф-Петрушовска. (Фото: Ѓ. Личовски



Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, за првпат ќе вработи фармацевт кој ќе им помага на пациентите на кои, со оглед на тоа дека се со повеќе заболувања, ќе им одредува која е најдобарата доза и најдобриот лек, вели директорката д-р Салија Љатиф-Петрушовска.

Љатиф-Петрушовска е директорка на Болницата од август 2017 и доаѓа од невладиниот сектор. Според неа, во денешно време не е лесно да се биде директорка, но сепак, истакнува дека задоволството е далеку поголемо со оглед на тоа дека се работи за многу убава установа, која е единствена од таков тип во државата што нуди специјализирана геријатриска и палијативна медицина. Тоа се две различни дејности, но, истовремено многу лесно може да се вклопат.

„Геријатриската медицина или геронтологијата е гранка на медицината која работи со возрасни пациенти над 65 години, додека палијативната медицина работи со пациенти кои не се ограничувачки во однос на возраста. За жал, животот е непредвидлив и може да се случат непредвидливи и лоши ситуации, како болести, сообраќајни несреќи, кои знаат да погодат и многу млади луѓе. Откако ќе поминат одреден период во болница и ќе се извршат сите медицински интервенции и каде лекувањето веќе завршило, се вели дека на пациентот му е потребен понатамошен палијативен третман, специјализирана медицинска нега. Токму ние како установа во нашата држава работиме со таков тип на пациенти. Во самиот круг се се наоѓа и хосписот за палијативна грижа ‘Сју Рајдер’, исто таков имаме и во Битола. Тоа се најчесто оние пациенти кои се заболени од малигни заболувања и друг тип на системски заболувања во терминалана фаза на болеста“, вели д-р Љатиф-Петрушовска.

Болницата располага со специјализиран кадар, сите се специјалисти вели директорката, и имаат уште уште неколку колеги кои се испратени на специјализација од различни гранки на медицината. Вработени се интернисти, невролози, психијатри, физијатар, дерматовенеролог, физиотерапевти, лаборанти, специјализиран средномедицински кадар, како и социјални работници и психолози. Како физиотепаревт веќе 30 години работи и Ацо Занев, кој е лице со оштетен вид.

„Јас сум човек од невладиниот сектор и ние сме држава која алуидираме на тоа да бидеме инклузивно општество за сите и сметам дека таквите лица треба да бидат дел од нашата установа. Тоа е од добро значење за сите, ем тие се чувстваат добро дека придонесуваат за општеството, а и општеството е среќно што ги има нив“, вели директорката.

Д-р Љатиф-Петрушовска вели дека е многу задоволна од тоа што откако е на раководната фунција, кога затекнала 42 вработени со договор на делo, успеала да ја намали бројката на половина, плус да се вработат уште 20-тина лица.

„Живееме во време во кое се осипува медицинскиот кадар. Од една страна, нашата Болница изгледа како неатрактивна установа и имавме период кога се намали персоналот, но ние се изборуваме, заедно со раководниот тим заедно да работиме со нашите вработени. Да ги сослушуваме, да видиме што е тоа што ги мачи, што можеме да помогнеме зо нивна сатисфакција. Пред сѐ, вработениот мора да се чувствува испочитуван во институцијата, да знае дека неговиот придонес е значаен и дека тоа го гледа раководниот тим. Колку што можеме финаниски придонесуваме согласно со законите“, вели директорката.

Оригиналниот текст можете да го прочитате тука