Актуелно

НАШИТЕ ХЕРОИ !




Ирена Наумовска-мед.сестра од одделот за интензивна нега и Слободан Ливрински мед.техничар од хосписот за палијативна грижа Sue Ryder-Скопје , вработени во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ‘’13 Ноември’’ –Скопје се НАШИТЕ ХЕРОИ !
Нашите вработени се приклучија на повикот за ПОДДРШКА на нивните колеги во ГОБ 8ми Септември , која сега е COVID центар за справување со зголемениот наплив на пациенти , но и хуман гест за нивните колеги кои се разболеа додека ја извршуваа својата должност.

П.С. Во целиот свет , кога сите земји алармираат да се очуваат ваквите установи кои работат со геријатриски пациенти како вулнерабилна група на лица , НИЕ моравме да се приклучиме кон ‘’Повикот за помош и мобилизација на Тимови’’.
Ве сакаме дечки !
Чувајте се !