Актуелно

Здружение за палијативна грижа на Македонија


Во текот на 2018 година, Здружението за палијативна грижа одржа два Стручни настани, во Скопје и Битола со наслов "Палијативна грижа-насоки" и "Основи на геријатриска и палијативна медицина" на кои присуствуваа голем број на доктори од повеќе специјалности вклучувајќи ги и семејните и матични лекари.


Специјалистичко-консултативни амбуланти


Од декември 2018 година, во склоп на Специјалистичко-консултативните амбуланти во ЈЗУ Геронтолошки завод 13 Ноември, отворена е Палијативна амбуланта.

Се упатуваат пациенти со малигни болести во палијативен стадиум на болеста од страна на специјалист-онколог.


Светскиот ден на палијативата.


На 17.10.2018 год. во просториите на Хосписот Сју Рајдер во Скопје, а во организација на Геронтолошки завод 13 Ноември и Директорот д-р Салија Љатиф Петрушовска, заедно со Здружението за палијативна грижа на Р. Македонија, се одржа настан за одбележување на Светскиот ден на палијативата.

Покрај вработените, пациентите ги посетија претставници на Антиканцер Здружението Животна искра, на чело со г-ѓа Виолета Томовска, како и сликарот Живко Поповски- Цветин, кои на пациенитите им подарија скромни подароци. Меѓу другото, сликарот за секој пациент посебно нацрта и им подари слика со различни верзии на цвеќе. Гостите низ разговор , на нашите пациенти им влеаја надеж и бескрајна љубов за да можат полесно да ја издржат тешката болест, им внесоа радост во нивното тешко секојдневие.


Оваа година Хосписот Сју Рајдер во Скопје одбележува и 20 години од своето работење, со надеж дека и во иднина палијативната медицина уште повеќе ќе се развива во нашата држава.