Кратка биографија

Д-р Билјана Петреска - Зовиќ
Специјалист по интерна медицина

Своето образование го стекнала на Медицинскиот факултет, Универзитет ,,Св.кирил и Методиј,, Скопје. Дипломирала во 1997 година, а во 2010 година специјализирала Интерна медицина.Во 2012 година се стекнала со едукација за колор-доплер сонографија на каротидни и периферни крвни садови на Клиниката за кардиологија, а во 2013 година Едукација за Ултрасонографија на абдоминални органи на Клиниката за Гастроентерохепатологија во Скопје.
Во тимот на Геронтолошки завод се приклучи во 2013 година. Работи како одделенски лекар на Оддел геријатрија, хронично одделение. Во специјалистичките амбуланти по интерна медицина работи во амбулантата за општа интерна медицина и во Ехо кабинетот, каде изведува ултрасонографски прегледи (ехо) на абдомен и Доплер на каротидни артерии.
Во 2014 година отпочна Докторски студии на Докторската школа при УКИМ, од областа на Медицински науки и здравство – Клиничка медицина, со поле на интерес срцева слабост, предиктивни фактори за морталитет и проценка на преживувањето кај геријатриска популација. Членува во неколку професионални здруженија – Лекарска комора на РМ, Здружение на интернисти на РМ, Здружение на гастроентерохепатолози на РМ / Европска асоцијација на ГЕХ, Македонско лекарско друштво.