Кратка биографија

Д-р Евангелос Пападимитриу
Раководител на Хоспис Сју Рајдер – Битола

Дипломира на Медицински факултет во Скопје, Мај 1986 година. Од 1987 вработен во медицински центар Др Трифун Пановски – Битола во службата за Итна Медицинска Помош каде од 2003 година бил шеф на смена се до Март 2005 година кога се префрла со работа во сегашната установа на работно место Раководител на оддел. Учествува на повеќе едукативни состаноци, семинари и конгреси како и на основачкото собрание на секцијата на лекарите од службите за итна медицинска помош при македонското лекарско друштво. Наградуван од Здружението на лекари од Битола со Благодарници и Дипломи.