Актуелно

Гостување во емисијата Неделен Магазин на МТВ



Гостување во емисијата Неделен Магазин на Македонската Радио Телевизија



Видеото можете да го погледнете тука

Одбележување на патрониот празник и 61 година постоење на установата



ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"-Скопје, денес го одбележува патрониот празник и 61 година постоење на установата која е единствена од ваков тип во земјата.



Галеријата можете да ја погледнете тука

ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ „КУЗМАН И ДАМЈАН“ ВО ХОСПИСОТ СЈУ РАЈДЕР ВО БИТОЛА



Во присуство на градоначалничката Наташа Петровска и директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември – Скопје д-р Салија Љатиф Петрушовска, како и на сите вработени лица и гости, во хосписот Сју Рајдер во Битола беше одбележан празникот Кузман и Дамјан, посветен на сите хумани доктори и лица кои им посеветуваат грижа на болните лица сместени во оваа установа во Битола.


„Толку многу љубов, посветеност и топлина, покажува дека токму заложбата на Кузман и Дамјан тука се почитува и се потврдува. Да ја негувате оваа институција и сулугите кои што ги давате како што досега сте го правеле тоа и да се гордееме со Вас“, истакна Петровска, обраќајќи се пред присутните


Хосписот Сју Рајдер спроведува палијативна заштита, водејќи сметка за посебните потреби и желби на секој пациент и неговото семејство, како интегрален дел на здравствениот систем на Република Македонија.