Актуелно

Одржано основачко собрание на Здружение за палијативна грижа на Македонија


На ден 21.12.2017 год.во просториите на Геронтолошки завод " 13 Ноември"-Скопје се одржа Основачко собрание на Здружение за палијативна грижа на Македонија, во рамки на Македонско лекарско друштво, чија цел е да го возобнови и активира на уште повисок степен развојот на палијативната медицина во нашата држава. Состанокот го отвори Директорката на Геронтолошки завод "13 Ноември" др. Салија Љатиф Петрушовска, која укажа на се поголемото значење и потребата од уште поголем развој на оваа дејност во нашата држава, а прусуствуваа 29 лекари од повеќе специјалности, меѓу нив и претставници од Здружението на семејни лекари на Македонија. На состанокот се разгледуваа целите и начинот на функционирање на Здружението во иднина, едукација и заедничка соработка со останати организации и здруженија и беа избрани Органи во склоп на Здружението - Претседателство и Управен одбор. Беше констатиранно дека во Здружението за палијативна грижа може да се зачленат сите лекари кои во својата секојдневната пракса се соочуваат со палијативни пациенти, одржување на едукативни средби, презентации и други активности за во иднина.

Прослава на православен празник Василица


По повод големиот православен празник Василица посета на одделот Мајка Тереза од страна на модната куќа Елена Лука и Сојуз на жени на Република Македонија.