За нас

 

Јавната здравствена установа Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември" се наоѓа во Скопје, ул.Борис Сарафов бр.129 во Општина Ѓорче Петров и една единица во Општина Битола, ул.Лавчански пат бб. Располага со четири објекти (Геријатрија, Мајка Тереза-Злокуќани и двата Хосписи во Скопје и Битола).
Болницата е специјализирана установа, која ја спроведува здравствената заштита од областа на Геријатриска и Палијативна медицина и е единствена од ваков карактер во Република Македонија. Ја прати состојбата, проучува, евалуира, известува и планира проекцијата на идните здравствени потреби и функционалните онеспособености на старите лица во институција и надвор од институцијата.

Функционира преку Специјализирана- консултативна здравствена заштита за областа геријатрија и палијативна медицина, организирана преку кабинети за интерна, невропсихијатриска, физијатриска заштита, кабинет за дијагностика и лекување и нега во домашни услови.

Стационарната здравствена заштита се остварува преку одделението Геријатрија (интензивна нега и акутно болни и оддел за хронично болни), а палијативната грижа се врши во двата Хосписи (Скопје и Битола). Болницата интензивно работи на развој и унапредување на лекувањето во домот на болниот како и на развој на Дневна болница. Значаен дел претставува медицинско-геронтолошкото образование кое се состои од континуирано стручно усовршување, првенствено во дијагностика, специфичности во лечењето, рехабилитација и превенција на болести во староста, зачувување на функционалните способности на геријатрискиот пациент преку поттикнување на активен однос на стариот човек за чување на своето здравје.



Геријатрија Скопје
Оддел Геријатрија за хоспитализација на пациенти со хроничнонo прогресивни и трауматски болести
Сју Рајдер Скопје
Оддел за палијатива во кој се хоспитализираат пациенти во терминален стадиум на малигна болест
Сју Рајдер Битола
Оддел за палијатива во кој се хоспитализираат пациенти во терминален стадиум на малигна болест
Мајка Тереза
Објект за згрижување на стари и изнемоштени лица